22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје со рекордна добивка, преку 30 милиони евра

Стопанска банка АД Скопје со рекордна добивка, преку 30 милиони евра

stopanska

Во првите девет месеци од 2016 година Банката оствари нето добивка во износ од 1,855 милиони денари, што е за 15,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Банката продолжува да ja реализира поставенaта долгорочна стратегија, фокусирана на оптимизација на сите потребни ресурси, со цел да се подобри ефикасноста во секој аспект од работењето.

Остварените нето приходи од камата во анализираниот период е за 6,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година и нето приходите од курсните разлики изнесуваат 87,1 милиони денари и се за 55,7% повисоки во споредба со истиот период минатата година. Другите оперативни приходи изнесуваат 228,00 милиони денари и во однос на истиот период од претходната година забележуваат пораст од 9,7%.

Исправката на вредноста за нефинансиски средства изнесува 24,6 милиони денари на нето-основа, во споредба со 25,9 милиони денари во истиот период минатата година.

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да биде лидер во банкарскиот сектор со постигнување на највисоките перформанси и во исто време има многу силна капитална основа и ликвидносна позиција. Банката постојано развива нови иновативни производи, процеси и услуги, со задоволување на потребите на своите клиенти со најсофистицирани и ефикасни модели за вршење на банкарските активности.

Исто така, Банката се грижи за целата општествена заедница, како и за добро корпоративно управување, како важен фактор во тековното работење, преку организирање на голем број настани и активности.

Комплетниот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП