28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХотели Метропол АД Охрид бележи пад во своето работење во првите девет...

Хотели Метропол АД Охрид бележи пад во своето работење во првите девет месеци

metropol33

Во периодот од 01.01.2016 дo 30.09.2016-та година, Хотели Метропол АД Охрид во своето работење бележи намален број на ноќевања од 13,47% во однос на истиот период во 2015-та година или остварени 57.364 ноќевања, а притоа е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 24.874.676,00 денари.

Oстварениот вкупен приход од 119.259  илјади денари е за 11,74%  помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 135.129 илјади денари.

Вкупните расходи во износ од 94.384 илјади денари се намалени за 4,35% во однос на расходите во истиот период од минатата година, кога беа во износ од 98.679 илјади денари.

Oстварениот финансиски резултат е позитивен исто како и во овој период од минатата година и е со мало отстапување во однос на проектираните параметри за работењето на Хотели Метропол АД Охрид за тековната 2016-та.

Целокупниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП