18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на ЗК Пелагонија АД Битола со раст од 361,98 % во...

Добивката на ЗК Пелагонија АД Битола со раст од 361,98 % во однос на претходната година

100_mk

Друштвото ЗК Пелагонија има остварено оперативни приходи во износ од 953.353 илјади денари и истите бележат тренд на зголемување во однос на истиот период од минатата година.

Согласно Билансот на успех со состојба 30.09.2016 година Друштвото ЗК Пелагонија АД Битола има остварено оперативни приходи во износ од 953.353 илјади денари и истите бележат тренд на зголемување во однос на истиот период од минатата година, а се зголемени за 29,56 % или зголемувањето во апсолутен износ изнесува 217.569 илади денари. Зголемувањето на оперативните приходи е како резултат на зголемените приходи од продажба на производи и услуги, кои во анализираниот период бележат зголемување од 56,65 % во однос на состојбата 30.09.2015 година.

Причините за зголемените приходи од продажба потекнуваат од зголеменото производство во овој пресметковен период, кое резултира со остварување на значително повисоки приходи од продажба на производи и услуги на домашниот пазар.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 93.104 илјади денари, учествуваат со 9,76 % во вкупните оперативни приходи, и истите бележат намалување од 64,97 % во однос на претходната година.

Во анализираниот период на финансиските извештаи во деловната 2016 година, остварени се оперативни расходи во износ од 930.133 илјади денари, истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 23.220 илјади денари или 2,43 %.

Промената на вредноста на залихите со состојба на 30.09.2016 година, како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината генерира приходна ставка во износ од 71.784 илјади денари, и Друштвото оствари оперативна добивка на износ од 95.003 илјади денари.

Остварената оперативна добивка во тековната година бележи значително зголемување, во однос на остварената оперативна загуба од минатата година, во апсолутен износ од 131.266 илјади денари или зголемување за 361,98 % во однос на претходната година.

Остварените финансиски расходи во износ од 30.147 илјади денари намалени за финансиските приходи во износ од 446 илјади денари ја оптеретуваат оперативната добивка за износ од 29.701 илјади денари, со што крајниот резултат во Билансот на успех за периодот од 01.01.2016 до 30.09.2016 година, е добивка од редовното работење во износ од 65.302 илјади денари.

Комплетниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП