27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung работи на технологија за контрола на уредите со мисли

Samsung работи на технологија за контрола на уредите со мисли

samsung.mind_.controlx299

Јужнокорејскиот електронски гигант „Samsung“ заедно со група на истражувачи работат на систем за управување на таблети со помош на мисли, а во план имаат на крајот оваа технологија да ја понудат на пошироката јавност.

„Samsung“ работи на овој проект заедно со американски научници кои направија кацига со приемници за „EEG“ (електроенцефалографија).

Првите извршени тестови овозможија контрола на таблетот „Galaxy Tab 10.1“ со помош на електричните импулси на мозокот.

Тие тестови покажаа дека со помош на мислите може да се покренат одредени апликации, да се одбере контакт, да се воспостави повик или да се одбере одредена нумера од листата на песни.

Според луѓето од „Samsung“ оваа направа би можела да им помогне на лицата со посебни потребни да можат да ги користат своите паметни телефон на прилагоден начин за нив.

Контролата на мобилните уреди и компјутери од далечина или со мислите не е нова работа, но „Samsung“ е првиот производител на таблети и паметни телефони кој се ангажираше во истражувањето на оваа проблематика.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП