26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го дуплира бројот на RS моделите

Audi го дуплира бројот на RS моделите

reska3

Добрите резултати на „Mercedes-AMG“ не и даваат спокој на спортската поделба на „Audi“, од каде планираат да дадат соодветен одговор на своите конкуренти. За таа цел само за 1 година компанијата од Инголштад ќе го удвои бројот на моделите со додаток „RS“ кон името, кои ги нуди на пазарот.

Статистиката покажува дека во последната година „Mercedes“ успеал да продаде 80.000 автомобили, развиени од „AMG“. За споредба резултатот на „Audi RS“ е значително скромен само 20.000. Тоа сепак треба се промени во 2017-та година, категоричен е шефот на спортската поделба на „Audi“, Штефан Винкелман, цитиран од „Autоcаr“.

Според него, до 2018-та година на пазарот ќе се појават нови 8 модели на брендот, развиени од спортското крило на „Audi“. Сега палетата ги вклучува караванот „RS6 Avant“, кросоверот „RS Q3“, купето и роудстерот „TT RS“, „RS7 Sportback“, хечбекот „RS3 Sportback“ и „RS3 Sedan“, а некои од нив се нудат и во помоќни модификации – „performance“.

Според информациите на весникот кон нив ќе се приклучат „RS Q5“ од следната генерација на кросоверот, како и новиот „RS4“, при што атмосферскиот 4,2-литарски V8 ќе биде заменет од би-турбо V6 со зафатнина од 3,0 литри. Меѓу останатите кандидати се хечбекот „RS1“ врз основа на „А1“, како и новата верзија на „R8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП