9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрансјадранскиот гасовод ќе биде поддржан од тристрана комисија

Трансјадранскиот гасовод ќе биде поддржан од тристрана комисија

trans-adriatic-pipeline

Владите на Грција, Албанија и Италија соопштија дека ќе формираат тристрана комисија за соработка во поддршка на реализацијата на проктот за изградба на Трансјадранскиот гасовод (ТАП).

На средба во Рим трите земји, преку чии територии треба да поминува ТАП, ги договорија основните принципи и цели на комисијата, чија задача ќе биде да ги координира напорите за изградба на гасоводот.

Комисијата, исто така, ќе соработува и при диверсификацијата на испораките на гас за ЕУ, Југоисточна Европа и западен Балкан.

Преку ТАП ќе се пренесува гас од огромното наоѓалиште Шах Дениз-2 во Азербејџан преку Грција и Албанија до Италија, а оттаму до Западна Европа. Изградбата на гасоводот треба да започне следната година и да заврши до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП