28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry има последно изненадување за своите фанови - телефон со физичка тастатура

BlackBerry има последно изненадување за своите фанови – телефон со физичка тастатура

bleki3

Канадската технолошка компанија „BlackBerry“ официјално престана да произведува сопствени смартфони, но има нешто посебно за најголемите фанови: нов паметен телефон кој го има нејзиниот заштитен знак – физичката тастатура, пишува „Bloomberg“.

Главниот извршен директор Џон Чен навести уште во септември, но не беше потврдил до овој четврток дека сличен телефон навистина ќе има. Веста тој откри официјално во интервју за „Bloomberg TV“.

„Имаме еден телефон со „QWERTY“ тастатура која ја бев ветил на луѓето“, коментира Чен.

Под водство на Чен, „BlackBerry“ се насочи кон софтверот на смартфоните. Во септември компанијата изјави дека конечно ќе престане да произведува и дистрибуира сопствени смартфони. Наместо тоа ќе го лиценцира брендот „BlackBerry“ на надворешни компании кои ќе го преземат производството на телефоните.

Физичката тастатура е најпознатиот дел од смартфоните на „BlackBerry“, а многу од претходните корисници на телефоните на компанијата страдаат за неа, додека пишуваат пораки на виртуелните тастатури на својот „iPhone“, на пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП