3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДржавата во која најмногу се користи мобилен интернет

Државата во која најмногу се користи мобилен интернет

mobsoobrakaj3

Во 2017-та година мобилните уреди ќе генерираат 75% од интернет сообраќајот. За оваа година овој показател е 71%.

Таква е прогнозата на компанијата „Zenith“, која е дел од француската рекламна агенција „Publicis Groupe“. Во 2012-та година на смартфоните, таблетите и некои други мобилни уреди отпаѓал околу 40% од интернет сообраќајот. Во 2018-та година овој показател може да достигне 79%, очекуваат експертите.

Најмногу мобилниот интернет се користи во Шпанија: кон крајот на 2016-та година се проценува дека 85% од корисниците на светската мрежа во оваа земја ќе сурфаат на интернет со користење на мобилни уреди.

Овој показател за Хонгконг е 79%, за Кина – 76%, за САД – 74%, за Италија и за Индија – 73%. Во истражувањето на „Zenith“ исто така се вели дека до 2018-та година 60% од рекламите на интернет ќе се остваруваат преку мобилен сегмент, чиј обем ќе достигне 134 милијарди долари.

По 2 години смартфони ќе има 63% од населението, наспроти денешните 56%.

„Reuters“ забележува дека зголемената потрошувачка на мобилен сообраќај е поврзана со употребата на видео содржини, а тоа ги провоцира телекомуникациските компании да ја комбинираат содржината и дигиталната дистрибуција. На овој начин операторите се обидуваат да привлечат повеќе корисници и реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП