10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЅвер на тркала: Погледнете каква лимузина се подготвува за Трамп! (фото+видео)

Ѕвер на тркала: Погледнете каква лимузина се подготвува за Трамп! (фото+видео)

limo-us-00

САД на 20-ти јануари 2017-та година и официјално ќе добие нов претседател, но е многу веројатно дека Доналд Трамп на инагурацијата во Вашингтон ќе пристигне со новиот „Ѕвер“, најбезбедната претседателска лимузина на планетата.

Пред само две години Барак Обама го доби најновиот модел на претседателски автомобил, но Трамп наскоро ќе се вози во подобрената верзија на „Кадилак“, која поради импресивните карактеристики го има надимакот „Ѕвер“.

limo-us-01

Ова е слика од лимузината вредна 1.5 милиони долари која е во тест фаза, која нормално, како и актуелната верзија, ќе биде обоена во црна боја за премиерното прикажување на инагурацијата на Трамп на 20-ти јануари следната година.

„Белата куќа“ со „Џенерал Моторс“ потпиша договор за развој на претседателските лимузини вреден 15 милиони долари.

Планот на американската администрација е во секој момент да има на располагање флота од 12 претседателски автомобили, кои по потреба ќе бидат респределувани при посетите на претседателот во сите земји во светот.

Техничките карактеристики на новиот „Ѕвер“ се чуваат во тајност, но нема сомневање дека идната верзија ќе биде поимресивна од актуелната.

limo-us-03

Блиндираниот „Кадилак“ е толку силен што автомобилските експерти, половина на шега и половина на вистина, велат дека би можел да издржи и удар на астероид.

Најтенкиот дел од каросеријата изнесува 12,5 сантиметри, а најдебели се вратите со 20 сантиметри. Вратата на ова возило е тешка колку и вратата на кабината на „Боинг 757“.

limo-us-02

Техничките карактеристики никогаш официјално не се обелоденети, но според некои верзии, претседателската лимузина е изработена така што може да издржи подолг напад од страна на атентатори, експлозија на нагазна мина, удар од противтенковски проектил.

Затоа и логично е ова превозно средство да се смета за бункер на тркала. Во него претседателот има и низа телекомуникациски уреди. Интересно е тоа што само еден прозор може да се отвори. И тоа оној кај возачот, но само нешто повеќе од 7 сантиметри.

Доколку гумите се оштетат на било кој начин, возилото продолжува по патот користејќи ги само бандажите. Резервоарот е толку заштитен што нема да експлодира дури ни при директен удар.

Кабината на „Ѕверот“ е целосно заштитена од евентуален биохемиски напад. За секој случај во багажникот се наоѓа противпожарна опрема, резерви на кислород, дури и резерви од крвната група на Обама!

limo-us-04

Под предните фарови е сокриена камера која има можност за ноќно снимање. Обама во возилото има на располагање и низа телекомуникациски уреди, а меѓу останатите и телефон со директна врска со потпретседателот и Пентагон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП