КОМПАНИИ

Фершпед АД Скопје со зголемена добивка заклучно со третиот квартал

fer

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01-30.09.2016 година.

Оперативната добивка осварена во период јануари-септември 2016 година изнесува 56.325 илјади денари и истата е зголемена за 63% во однос на 2015 година.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за деветомесечие 2016 година изнесуваат 2.207.084 илади денари и истите имаат благо зголемување на индексот во однос на деветомесечие од минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 2.185.836 илјади денари и се на приближно исто ниво во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2015 година.

Финансиските приходи во овој период бележат зголемување во однос на финансиските приходи истиот период мината година.

Вкупните расходи осварени во период јануари-септември 2016 година      изнесуваат 2.154.746 илјади денари и истите имаат мал процент на намалување во однос на  мината година.

Оперативните расходи се во износ од 2.129.511 илјади денари и истите се на исто ниво во однос на 2015 година.

Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година имаат пад од 20%.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 52.338 илјади денари што пoкажува зголемување на истата во однос на добивката од минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.