29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна обновениот VW Golf (фото+видео)

Пристигна обновениот VW Golf (фото+видео)

golsedum-00

„Volkswagen“ официјално ја претстави обновената седмна генерација на „Golf“. Моделот доби нов 1,5-литарски бензински мотор, „LED“ фарови, целосно дигитален инструмент панел, нов мултимедијален систем со копчиња на допир и функција за управување со гестови, која претходно беше прикажана во концептниот „Golf R Touch“.

На изглед возилото е подложенo само на козметички промени, а тие се фокусирале на двата браници и предните светла. Задните светла стануваат „LED“ независно од нивото на опрема. Покрај тоа радарот на индивидуализирниот „крус-контрол“ е отстранет од долни отвори за воздух и е „скриен“ под амблемот на решетката на ладилникот. Наместо досегашните биксенон ќе се нуди целосно светодиозна оптика.

golsedum-01

„Golf“ добива и модернизирано семејство на мотори, што вклучува 1,5-литарски „TSI“ со 4 цилиндри со моќност од 150 КС и 250 Нм, а тој има систем за деактивација на 2 од цилиндрите при пониски оптоварувања. Моторот ќе се нуди и во еко-верзија – „BlueMotion“, при што моќноста е 130 КС. Кај неа моторот ќе се исклучи кога се вози по угорници, а ќе се активира штом возачот го притисне педалот за гас. Според „VW“ тоа ќе им овозможи да се намали до литар бензин на 100 километри километража.

Дволитарскиот мотор на „GTI“ веќе ќе има 230 КС (со 10 повеќе од сега). На толку потпираше претходната верзија „Performance“. При обновениот „Golf“ таа веќе има 245 КС. За моделот е развиена и нова 7-степен автоматски менувач со 2 спојки кој го заменува сегашниот 6-брзински „DSG“.

golsedum-03

Во опремата на хечбекот влегува 12,3-инчен дисплеј, безконтактен полнач за паметен телефон, „Wi-Fi“ мрежа, како и цела низа нови мултимедијални системи. Топ-верзијата ќе може да се управува со гестови – на пример, со движење на раката лево или десно и ќе може да се прелистуваат страници од менито или да се префрлуваат станиците на радиото.

Моделот исто така ќе биде достапен систем за превентивна заштита на патниците – во случај на опасност ќе се затвораат подвижниот покрив и прозорците, а електрониката ќе подготви воздушните перничиња за отворање и ќе ги заостри безбедносните ремени. Реновираниот „Golf“ добил и подобрен систем за автоматско паркирање, систем за контрола на лентата на движење и „автопилот за метеж“, кој сам може да управувано или запира со возилото.

golsedum-02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП