26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNikon скратува 1000 работни места

Nikon скратува 1000 работни места

nikon33

Компанијата Nikon ќе скрати 1000 работни места за да се соочи со загубата на единицата, која произведува машини за изработка на чипови, како и со намалувањето на продажбата на камери, пишува „Bloomberg“.

Производителот на дигитални камери очекува да има 48 милијарди јени (460 милиони долари) трошоци за реструктуирање за годината што завршува во март 2017-та година.

Компанијата со седиште во Токио исто така ја намали прогнозата за годишни приходи од продажба за 2,4% до 800 милијарди јени. Директорите ќе се откажат од бонусите, а нивните месечни примања ќе бидат намалени од ноември.

„Nikon“ ја стеснува својата линија на камери, фокусирајќи се на модели од висока класа. Освен тоа ги намалува трошоците за развој на дел од производите поради не толку големата побарувачка од страна на клиентите.

Тоа веројатно ќе го зголеми јазот меѓу неа и „ASML Holding“ – најголемиот производител на литографска опрема, кој го забрзува развојот на нов оптички систем за следната генерација машини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП