14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.11.2016

Дневен хороскоп 10.11.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако размислувате за промена на рaботата, не ја прoпуштајте понудата која дури и денес можете да ја добиете. Во љубовта имате среќа, вашиот партнер е многу толерантен. Сепак, не го злоупотребувајте.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можна е некоја ненадејна ситуација на работа. Останете прибрани и ќе успеете се да решите. Оние кои се сами ќе ги идеализираат лицата кои им се допаѓаат, наместо тоа пријдете им.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни сте со енергија. Искористете го тоа за напредување во работата. Личноста која не сте ја забележувале наеднаш ќе ви се вовлече под кожа, можно е да се заљубите. Избегнувајте ладни напитоци и намалете ги цигарите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Окупирани сте со деловните обврски, а ништо не постигнувате да сработите. Го запоставувате партнерот поради бројни деловни обврски. Објаснете му дека сте во гужва, тој сигурно ќе ве сфати.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Конечно ќе ја добиете шанса своите идеи да ги спроведете во дела. Во љубовта вашата врска би можела да стане нешто посериозно, оние кои се сами ги очекува интересен партнер.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во изминатиот период многу вредно работевте. Сега е погоден момент да ги добиете заслугите и подароците за тоа. Можно е без размислување да влезете во некоја авантура, но ако сте во врска не правете го тоа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не сте задоволни со ситуацијата на работа. Се додека ги обвинувате другите за неуспех, нема да бидете задоволни. Во љубовта многу лица се обидуваат да влијаат на вас. Не дозволувајте другите да ви се мешаат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Што се однесува на работата, вие сте многу задоволни. Во љубовта денес е одличен ден за разговор со партнерот. Доколку нешто ве мачи, денес треба отворено да го кажете тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува одлична деловна прилика. Искористете ја паметно. На љубовен план треба да донесете многу важна одлука. Не одолговлекувајте. Исфрлете го стресот преку прошетки.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Кога станува збор за прашања, ве советуваме да се водите од својата интуиција. Во љубовта наскоро ќе ја докажете својата доминантност во врската. Здравјето ви е одлично.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате одлични идеи но никако да ги спроведете во дела. Причината за тоа е вашата неорганизираност. Во љубовта ова е вистински ден за остварување на комуникација со личноста која некое време ви се допаѓа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не се потпирајте на туѓи ветувања. Покренете се сами. Во љубовта се враќате во минатото. Посакувате средба со некоја личност која ви била многу блиска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП