2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Како изгледа светскиот пазар на смартфони?

График на денот: Како изгледа светскиот пазар на смартфони?

grapazar-33

Спротивно на популарното верување и она што голем број медиуми го наметнуваат како наслови, пазарот на смартфони е многу поголем од она што „Apple“ и „Samsung“ го нудат, коментира „Statista“.

Иако овие две компании се уште се пазарни лидери, вкупниот удел на пазарот изнесува максимум 32,5% во третиот квартал на 2016-та година, тој е најнизок по повеќе од 5 години. Иако „Apple“ и „Samsung“ доминираат во насловите, конкуренцијата на пазарот на смартфони не е (и никогаш не била) само меѓу нив.

Според „IDC“, „Samsung“ и „Apple“ предвиделе пад на испораките на смартфони односно од 13,5% и 5,3% во последниот квартал, додека остатокот од пазарот се прошири со 7,7%. И додека побарувачката за телефони од низок и среден опсег на пазарите во развој продолжува да се зголемува, кинеските трговци, предводени од „Huawei“, „OPPO“ и „Vivo“, постепено ја стеснуваат разликата со „Apple“, а во исто време го засилуваат своето присуство надвор од Кина.

Пазарниот лидер „Samsung“ се уште води значително во однос на конкуренцијата, но останува да видиме колку силно проблемите околу „Galaxy Note 7“ ќе влијаат на компанијата на среден и долг рок.

Во предвид застојот на бизнисот со „iPhone“ на „Apple“ и штетата околу водечкиот смартфон на „Samsung“, наближувањето божиќните и новогодишните празници можеби ќе претставуваат добра можност за „Huawei“ и други компании да го прошират уште повеќе своето присуство на пазарот и да се претворат во уште поголем предизвик за лидерите.

grapazar-34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП