14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.11.2016

Дневен хороскоп 08.11.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои работи не се одвиваат онака како што сте планирале, до крајот на денот сепак ситуацијата ќе се заврти во ваша корист. Не би требало да се расправате, премолчете некои нешта. Во љубовта ве очекува иритантна одлука од страна на партнерот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате некои нејаснотии во комуникацијата со колегите, некои ќе ви одат на нерви. Ако се потрудите и бидете доволно чесни, ќе ги надминете несогласувањата. Ќе запознаете некоја интересна личност во вашето опкружување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работа не ве очекува некој претерано напорен ден. Може да се каже дека се ќе оди со забавено темпо. Конечно ќе излезете од монотонијата и ќе ги подобрите односите со вашиот партнер, кој инаку премногу ве сака.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Збунети сте поради некои ваши финансиски грешки, некако не можете да се снајдете најдобро кога станува збор за ова поле. Без грижа, се ќе дојде на свое месо. Можно е саканото лице да нема доволно доверба во вас, па покажете му дека греши.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате да оставите одличен впечаток на работното место, но некако без труд, а тоа не е можно. Брзо ќе бидат прочитани вашите намери. Саканото лице или ќе ве изненади или пак ќе ве разочара со некоја негова постапка.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате мноу обврски, ќе бидете постојано во трчање, огранизацијата е главниот фактор кој многу ќе ви помогне. Потрудете се да обавите се во зададениот рок и ќе бидете наградени. Во љубовта потребно е да му објасните на партнерот дека не е само тој во вашиот живот, дека нормално е тоа што имате и некои други обврски, тој станал премногу посесивен.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе заглавите со некоја работна задача, а тоа ќе ве извади од колосек. Без да се нервирате и навредувате се околу себе, обидете се да ја поправите почетната грешка, концентрирајќи се дури и на најситните нешта. Во љубовта се е како подмачкано.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можно е во текот на денешниот ден да имате многу деловни обврски кои ќе земат поголем дел од вашата енергија. Недоволно ги покажувате емоциите кон саканото лице па тоа ќе ви замери. Внимавајте и пазете се од кражби, можно е да бидете ограбени.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе ја работите работата која ви одговара и одлично ќе се чувствувате поради тоа. Многу ваши соработници инспирацијата ќе ја пронајдат токму во вас. Не ви е лесно отворено да ги покажете емоциите, па затоа можно е да наидете на ладен однос од партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сметате дека на работното место можте да постигнете многу поголем успех од тој во моментов, но некако ве зафатила мрзата. Потрудете се да ја елиминирате. Кон саканото лице потребно е само да бидете понежни и повнимателни, сето друго само ќе се оствари.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете караници со саканата личност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП