3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВчера 118 милијадери заработија по над 100 милиони долари

Вчера 118 милијадери заработија по над 100 милиони долари

milijarderi3

Најбогатите 400 луѓе на планетата додале 35.4 милијарди долари кон своето богатство по растот од вчера со над 2% на главните индекси на пазарот на капитал во САД.

Во основата на ваквите резултати беа шпекулациите дека Хилари Клинтон ќе победи на денешните избори, во однос на Доналд Трамп. Севкупно, членовите на индексот на милијардери на „Bloomberg“ вчера забележаа раст на богатството од 0.8% или 4.4 илјади милијарди долари.

Американските милијардери се „одговорни“ за близу 1/3 од растот во богатството на милијардерите. На врвот на листата е основачот на „Amazon“, Џеф Безос, кој додал 2,6 милијарди долари кон 68.2 милијарди долари, што во моментот му ја овозможува третата позиција.

Инвеститорот Ворен Бафет, ја заема четвртата позиција со 66 милијарди долари, а вчера го зголеми своето богатство со нови 1,6 милијарди долари.

Најбогатиот човек во светот Бил Гејтс додаде 1,5 милијарди долари до 86.3 милијарди долари, додека ко-основачите на „Google“, Лари Пејџ и Сергеј Брин имаат додадено 888 и 863 милиони долари, откако сериозно се зголемија акциите на компанијата „мајка“ на пребарувачот, „Alphabet“.

Основачите на „Oracle“ и „Facebook“, односно Лари Елисон и Марк Цукерберг, забележаа пораст на богатствата со 674 и 621 милиони долари, до 42 и 53.3 милијарди долари, што им ја обезбеди деветта и шеста позиција меѓу првите богаташите.

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој го зазема петтото место меѓу најбогатите луѓе во светот, додаде 2,5 милијарди долари до 53.4 милијарди долари, додека вториот најбогат човек во светот Амансио Ортега е изгубил 221 милиони долари и денес располага со 72.7 милијарди долари. Вкупно 118 милијардери додале вчера по над 100 милиони долари кон своето богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП