2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто да очекуваме од новиот „убиец на предводници“?

Што да очекуваме од новиот „убиец на предводници“?

oneplus39

Во моментов актуелна тема е што претставува моделот „3Т“ на „OnePlus“. Пред неколку дена за него раскажа Еван Блас.

Она што е познато во моментов …

Тој ќе биде подобрена верзија на овој предводник, ќе биде за 80 долари поскап и ќе располага со најновиот чипсет „Snapdragon 821“, како и екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели.

Се согласувате. Опишаниот уред не провоцира кој знае каков интерес, но се појавува како еден вид транзиција. Тоа ни дава вредни информации за следниот предводник.

Како што објавија претставниците од сајтот „phonearena“, се уште нема нови информации за идниот телефон. Еден од корисниците сепак сподели за можните карактеристики на „OnePlus 4“. Ако веруваме на кажаното, смартфонот ќе биде претставен во јуни или јули 2017-та година, имајќи го во предвид вообичаениот распоред на кој се појавуваат телефоните на кинеската компанија, оваа претпоставка е целосно реална.

Смартфонот ќе има нов чипсет „Snapdragon 830“. Во неговата внатрешност ќе има место за централен процесор со 3.0 гигахерци, графика „Adreno 620“, батерија со капацитет од 4.000 mAh и оперативен систем „Android 7.0“.

Остануваат 8 месеци до евентуалната презентација на „OnePlus 4“. Засега информациите за него не се официјално поддржани со податоци.

Дали се доволни овие карактеристики за титулата „убиец на предводниците“ за 2017-та година? Претстои да дознаеме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП