22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како се претставуваат берзите во САД во изборни години?

График на денот: Како се претставуваат берзите во САД во изборни години?

sadizbori-00

По неколку недели жестока кампања ќе се одржат едни од најконтроверзните избори во историјата на САД. Без разлика дали трката ќе заврши со Клинтон или Трамп како претседател, тешко е да се предвидат потенцијалните последици кои изборите во 2016-та година ќе ги имаат врз пазарите, коментира „Visual Capitalist“.

Во меѓувреме инвеститорите се прашуваат како да се позиционираат најдобро, како би можело да се одразат изборите врз нивниот паричник и како можат да се заштитат од можните ризици.

Добрата вест за инвеститорите е дека од историска гледна точка на пазарот, тој се претставувал добро во изборни години, индексот „S&P 500“ завршува во зелена територија во 82% од случаите.

sadizbori-03

Лошата вест? Ова очигледно не се нормални избори.

Графиконот денес ги визуелизира податоците од „Fisher Investments“, за да покаже како се претставувал „S&P 500“ во историски план во години на избори во САД, како и за време на мандатите на избраните претседатели.

Иако годината со избори (четврта по ред) има позитивен резултат и враќање во 82% од случаите, работите очигледно се менуваат кога ќе ја разгледаме сегашната ситуација.

Клинтон и Трамп се двајцата најнепосакувани кандидати во историјата, а кандидатите од други партии, како Гери Џонсон, Џил Штајн и Еван МакМлин се со прилично добри резултати во анкетите во некои Држави.

Некои сметаат дека Трамп како претседател е гаранција за исклучително нестабилните пазари, додека според други кандидатот на демократите исто така, носи голем пазарен ризик. Во меѓувреме има секакви чудни хипотетички ситуации, кои можат да се појават и кои најверојатно ќе создадат главоболки на трејдерите.

Еден од овие ризици беше подвлечен од Нејт Силвер во почетокот на октомври. Тој ја вклучува победата на Гери Џонсон во неговата држава Њу Мексико (каде освои 24% од гласовите во анкетите) и во исто време загуба и за Трамп, и за Клинтон во Изборната комисија. Веројатноста е мала, но сепак постои.

Без разлика каков ќе биде исходот од гласањето, оваа изборна година ќе има долготрајни последици за сите пазарни учесници и најверојатно трејдерите ќе научат доста лекции.

sadizbori-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП