1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на Audi A5 и Ѕ5 Cabriolet зa 2017-та (фото+видео)

Премиера на Audi A5 и Ѕ5 Cabriolet зa 2017-та (фото+видео)

preau-00

По новите „Coupe“ и „Sportback“ верзии, „Audi“ ја претстави втората генерација на моделот „А5“ со отворен покрив, како и спортскиот „S5 Cabriolet“.

„Audi A5/S5 Cabriolet“ зa 2017-та ги превезема основните стилски детали од остатокот од „A5“ семејството. Со должин од 4.673 mm, новиот модел е за 47 mm подолг од претходната генерација, додека меѓуосовинското растојание е поголемо за 14 mm и сега изнесува 2.765 mm.

preau-01

Од „Audi“ велат дека благодарејќи на поголемото растојание меѓу предната и задната осовина, но и нешто потенките потпирачи на седиштата, патниците кои се возат позади имаат за 18 mm повеќе простор за колената, отколку претходно. Покрај тоа, новиот модел нуди 26 mm подолнителен простор во висина на рамената на возачот и сувозачот, во споредба со претходникот.

Оние кои ќе се одлучат за подолги патувања со овој автомобил, ќе се израдуваат и на багажникот кој сега е поголем, и тоа за 60 литри, па неговата вкупна зафатината е 380 литри.

preau-02

„Audi“ се пофали дека каросеријата на автомобилот е поотпорна, затоа што се поцврсти и полесни материјали вкупната маса на возилото е намалена и до 40 kg, во зависност од моторот и пакетот на опрема. Па така, на пример, „Audi A5 Cabriolet“ 2.0 TDI со 190 ks и преден погон, тежок е 1.690 kg.

Платнениот покрив се движи со притискање на копче, а можно е да се спушти/подигне при брзина до 50 km/h. Спуштањето трае 15 секунди, додека процесот на подигнување на покривниот механизам има потреба од 3 секунди повеќе.

preau-03

Oчекувано, палетата на мотори е позајмена од „A5 Coupe“ и „Sportback“. Во почетокот, купувачите на располагање ќе им бидат 2.0 TFSI бензинец со 252 ks, 2.0 TDI со 190 ks и 3.0 TDI со 218 ks.

Подоцна понудата ќе биде проширена со 2.0 TFSI бензинец со 190 ks и 3.0 TDI V6 единица со 286 „коња“.

preau-04

„Audi S5 Cabriolet“ ќе добие погон од 3.0 V6 TFSI агрегатот со 354 ks. За забрзување од место до „стотка“, на овој автомобил му е потребно 5,1 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Се очекува дека „Audi 2017“ ќе го претстави најмоќниот „RS5 Cabriolet“, со 2.9-литарски V6 мотор кој се наоѓа во „Porsche Panamerа 4S“. Во моделот на „Porsche“ овој мотор произведува 440 ks и 550 Nm.

preau-05

„Audi A5“ и „S5 Cabriolet“ во продажните салони ќе пристигна во пролетта 2017-та. „A5“ во Германија ќе чини oд 49.350 eвра, a „S5“ oд 67.800 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП