5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемите со производството нанесоа удар врз резултатите на GoPro

Проблемите со производството нанесоа удар врз резултатите на GoPro

goprokam3

Производителот на камерите „GoPro“ забележа поголем пад на приходите од очекуваниот во изминатиот квартал, а прогнозата за клучниот следен квартал која ја вклучува божиќната сезона, исто така не ги оправда очекувањата на аналитичарите. Причина за тоа се покажаа проблемите со производството на најновите производи на компанијата, пренесува „Ројтерс“.

„GoPro“ забележа пад на продажбата четврти по ред квартал, што се должи на падот во побарувачката на нејзините камери, кои ги користат претежно љубителите на екстремни спортови.

По неколку одложувања во средината на септември „GoPro“ пушти нов модел на камера – „Hero 5“, како и првиот кориснички дрон, „Karma“. Аналитичарите веруваат дека овие производи може да го вратат „GoPro“ повторно кон успехот.

Но компанијата пушти помалку камери „Hero 5 Black“ и дронови „Karma“ од планираното поради проблемите со производството, кои се очекува да влијаат на можноста на компанијата да одговори на побарувачката и во овој квартал, изјави главниот извршен директор Ник Вудман.

„GoPro“ откри дека во средината на октомври привремено престанала продажбата на новата камера во „Amazon“ во САД, додека се договорат цените.

Приходите на компанијата се намалиле за речиси 40% до 240,6 милиони долари во третиот квартал, што е далеку под очекувањата за пад од 20 отсто, колку што беше просечната прогноза на аналитичарите според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Прогнозата на компанијата за тековното тримесечје е за приходи во опсег од 600-650 милиони долари, повторно под очекуваните од аналитичарите од 666,14 милиони долари.

„GoPro“ забележа нето загуба од 104,1 милиони долари за кварталот, во споредба со профитот од 18,8 милиони долари од пред една година. Ако се исклучат некои елементи, таа загубила по 60 центи по акција, многу над очекуваните 35 центи по акција.

Производителот продал 1,02 милиони производот во изминатиот квартал. Прогнозата на аналитичарите беше за 1,11 милиони според компанијата за студии „FactSet StreetAccount“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП