4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрските фармери ќе бидат една од првите жртви на Brexit

Ирските фармери ќе бидат една од првите жртви на Brexit

farmeri-irska3

Ирските фармери ќе се покажат како една од првите жртви од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, пишува во анализа весникот „Politico“. Според податоците најмногу погодени ќе бидат производителите на печурки.

Пет фарми за печурки веќе ги затворија погоните по 23-ти јуни, а се очекуваат уште банкроти до Божиќ, додава весникот.

Повеќето фармери го продаваат своето производство во Британија со цени утврдени во долгорочни договори, а валутата е во британски фунти. Така земјоделците во Ирска веќе ги почувствуваа првите негативни ефекти од „Brexit“ – поради падот на вредноста на британската фунта.

Од датумот на референдумот британската валута загуби 15% од вредноста и тоа влијаеше на значителен дел од компаниите кои извезуваат стока за локалниот пазар. Тоа значи дека ирските фармери не се единствените губитници – Британија увезува околу половина од храната на пазарот.

Меѓу најголемите снабдувачи на овошје и зеленчук во Велика Британија се Шпанија и Холандија. Ирска сепак е многу зависна од извозот кон Велика Британија – 85% од извозот на пилешко месо од Ирска се пласира на британскиот пазар, како и 80% од печурките кои се одгледуваат во земјата.

Секторот е во сериозна криза, признаваат локалните производители. Тие веќе побараа и помош од Владата, за да можат да преживеат додека вредноста на британската фунта се стабилизира или цените во Велика Британија се зголемат.

Ова барање не беше вклучено во ирскиот буџет за 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП