Јапонската марка „Toyota“ е убедлив лидер во продажбата на светските пазари по првите 9 месеци од годината, пишува агенцијата за анализи „Focus2move“.
Според нејзината информација за периодот од 1-ви јануари до 30-ти септември 2016-та година, брендот има продадено повеќе од 6.238.429 нови автомобили во целиот свет. На овој начин „Toyota“ ги повторува резултатите за истиот период од минатата година.
Далеку по Јапонците се вториот и третиот на табелата. Тоа се „Volkswagen“ со 4.848.683 продадени возила и „Ford“, чиј резултат е 4.665.256. Германската компанија забележа зголемување за 0,1%, додека кај Американците тој е 2,7%. Следат „Nissan“ – 3.621.000 (+ 3,8%), „Hyundai“ – 3.563.000 (+0,1), „Honda“ – 3.492.501 (+6,6), „Chevrolet“ – 2.958.719 (-8,6) и „Kia“ – 2.446.112 (+4,8).
Последните 2 места во Топ 10 се за „Renaut“ и „Mercedes-Benz“. Токму Французите запишуваат најголем раст на продажбата во споредба со 2015-та година – цели 14,8%, и достигнуваат 1.739.119 продажби. Кај Германците исто така има сериозно зголемување – со 10,8%, а резултатот кај нив за првите 9 месеци е 1.722.831 единици.
Вкупно за првите 9 месеци од 2016-та година во целиот свет се продадени 68,4 милиони нови автомобили, што е за 3,8% повеќе од истиот период лани.