3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDW: Македонци заработуваат на Доналд Трамп

DW: Македонци заработуваат на Доналд Трамп

trump

Се прашувате што ги тера луѓето од оддалечена европска земја активно да се вклучат во изборите на САД? Десетици млади претприемачи во Македонија ја промовираат кандидатурата на Доналд Трамп на интернет- се разбира, за солиден профит.

Доналд Трамп можеби е еден од најкритикуваните и контраверзни политичари на планетата, но профитот што им го носи на десетина млади претприемачи од нашата земја е многу привлечен. Феноменот од кликовите за вестите за Трамп на нивнате политички веб-страни процуте со заработка дури и до 30.000 евра(33.273 УСД) месечно.

Дечките од Велес први се досетија и го искористија овој феномен со раниот почеток на кампањата на Републиканците.

Феноменот брзо го привлече вниманието на медиумите. Во Август 2016, “The Gardian” идентификуваше повеќе од 150 домени регистрирани на луѓе од Велес. Иако не беа сите активни, повеќето од нив кои беа, активно ја поддржуваа претседателската кампања на Трамп.

DW разговараше со еден од креаторите на порталите за Трамп, кој се согласил да зборува под услов да биде анонимен. Нашиот велешанец кој сака да го викаат ДД, рече дека тој работи со уште еден соработник и на крајот на месецот тие го делат профитот од веб-страната.

“Ми требаше нешто што е вирално , што сакаат луѓето да го читаат и следат. Нешто за што постои голем интерес во Америка. Сега, претседателските избори се популарни во САД, па си реков, што друго ако не политика? Ја следам политичката сцена на САД повеќе од шест години и видов можност за профит”, објаснува нашиот велешанец.

Претпиемачот не негира дека дел од прилозите кои се објавени содржат невистинити информации и дека бомбастичните наслови служат за да се привлечат посетители.

“Во последните три месеци, 80-90 проценти од статиите што ги објавивме се оригинални. Пред тоа, копиравме и комбиниравме содржини од други веб-портали како што се Business Insider, CNN итн. Статиите што ги објавуваме сега, околу 5 проценти се сатирични. Тие не се целосно точни со непотврдени информации, но се најпопуларни ”, изјавил нашиот велешанец ДД.

Про-Хилари статиите не се популарни

“Политичките веб-портали не се единствениот извор на профит за интернет претприемачите од Македонија. Има околу 1000 веб-портали кои се креирани за американската јавност. Некои од нив се за политика, а останатите се за животен стил, мода и слично”, објаснува ДД.

Но, зошто про-Трамп?

“95 отсто од веб-порталите креирани во Македонија се про-Трамп ориентирани, а со добра причина. На почетокот, јас се обидував да пишувам за Хилари, но никој не ги читаше”, рече тој за Deutsche Welle.

“Hillary for prison 2016”- фејсбук страницата со ова име има преку 750.000 лајкови. Таму се објавуваат дневни вести за најновите случувања од претседателските избори во САД преземени од viralliberty.com.

Со оглед на жестокоста и нивото на дезинформации во претседателската кампања на САД , нема ништо невообичаено во постовите, освен фактот дека нивното потекло нема никаква врска со САД, или било кој од кандидатите за претседател. Ако пребарувате вести на usanewsflash.com, americarightnow.com, 365usanews.com, worldpoliticus.com, сите се со потекло од Македонија.

Покрај Велес, кој е дом на повеќе интернет претприемачи, голем број сопственици на “click-bait” сајтови има и во други градови како Куманово, Скопје и Штип.

“Знам луѓе од Куманово кои со во овој бизнис 4-5 години и регистрираат и до 15 домени. Многу од нив ги кријат домените и информациите за страната поради конкуренцијата од Македонија која ги пријавува дека нивните акаунти се лажни, што може да доведе до суспензија во рекламниот систем”, вели ДД.

По завршувањето на кампањата

Не е тешко  еден американски гласач  да се манипулира за да кликне на наслов како: “THIS IS THE END FOR HILLARY”, бидејки FBI доби судски налог за да ги испита новите пораки на Хилари Клинтон. Ваквите наслови привлекуваат внимание и кликовите носат профит. Сопствениците прават пари од реклами кои се прикажани на веб-сајтови и таблоиди, каде лајковите на насловите придонесуваат да се шири брзо по социјалните мрежи , што е главен канал за дистрибуција.

Но, интернет претприемачите се загрижени бидејки со завршување на претседателската трка значи и крај на нивната заработка. Нашиот велешанец е внимателен: “Јас чекам да видам што ќе се случи по изборите во САД. Ќе продолжам со мојот бизнис ако тоа сеуште има ефект”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП