26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка бележи раст на добивката во однос на ланскиот период

Охридска банка бележи раст на добивката во однос на ланскиот период

ohridska

Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1 до 30.9 2016 год. изнесува 425.0 милиони денари и споредено со третиот квартал за 2015 година, бележи зголемување од 54.7 милиони денари, или 14,8%.

Нето-приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2016 година изнесуваат 838.6 милиони денари и бележат пораст за 106.9 милиони денари, или 14,7%, споредено со остварените нето- приходи од камати во истиот период минатата година. Приходите од каматите се зголемени за 41.1 милиони денари, или 3,7% на кој раст најголем придонес имаше порастот на каматите од клиентските пласмани, позитивен придонес имаа и каматите од пласманите во хартии од вредност, додека приходите од камати од пласманите во НБРМ се пониски поради помалиот обем на пласмани.

Каматните трошоци бележат намалување за 65.8 милиони денари, или 18,0%, како резултат од намалените каматни трошоци на депозитите на клиентите и намалените трошоци по основ на субординираниот долг и странските кредитни линии.

Во анализираниот период, нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 195.9 милиони денари и во однос на истиот период од 2015 година се зголемени за 4.9 милиони денари, или 2,6%. Приходите од провизии се зголемени за 11.2 милиони денари, додека трошоците за провизии и за надоместоци се зголемени за 6.3 милиони денари.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 77.3 милиони денари и се зголемени за 0.9 милиони денари, или 1,2% во споредба со истиот период минатата година.

Другите приходи, споредено со истиот период минатата година се помали за 72.6 милиони денари, во кои за третиот квартал од 2015 година е вклучен поголем износ од реализираната продажба на преземени средства за наплата на побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари-септември, споредено со истиот период претходната година, се намалени за 12.8 милиони денари при што пониски оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработени, канцелариски материјал, трошоците за одржување, осигурување, комуникација, за репрезентација и друго.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од третиот квартал на 2016 год. изнесува 168.3 милиони денари, споредено со 171.4 милиони денари за третиот квартал од 2015 година.

Целосниот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП