2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple патентираше iPhone на преклопување

Apple патентираше iPhone на преклопување

preklop-90

„Apple“ успешно патентираше модел на iPhone кој ќе се преклопува. Телефонот може да се отвора како книга и да открива уште поголем екран, соопштува интернет изданието „Patently Apple“.

Таа располага со документи од патентите, во кои се откриваат и детали за уредот. Според нив куќиштето на тврдиот „iPhone“ ќе биде изработено од стакло, керамика, алуминиум, пластика и јаглеродни влакна. Специјални наноцевки од јаглеродни влакна ќе ги градат структурите кои ќе се во основата на куќиштето.

Компанијата се обидуваше да добие сличен патент од 2013-та година. Овој пат конечно успеа, а долго време оваа информација ја задржа во тајност. Компанијата го прави тоа така што ги подава документите во име на своите инженери и така потешко може да биде отворена врска со неа.

Дури кога патентот ќе биде одобрен, таа го „стекнува“ и официјално го става своето име.

preklop-91

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП