3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid со рекорден удел на пазарот на смартфони

Android со рекорден удел на пазарот на смартфони

android-devices

Мобилниот оперативен систем на „Google“ – „Android“, зголеми својот удел на пазарот на смартфони до рекордни 87,5% во третиот квартал од оваа година, открива новото истражување на „Strategy Analytics“.

Кажано на друг начин, скоро 9 од 10 смартфони продадени во трите месеци до септември, работат со оперативниот систем „Android“.

Според податоците на „Strategy Analytics“, во овој период продажбата на „Android“ телефони на глобално ниво изнесува 328.6 милиони единици, што претставува раст од 10,3% во однос на третото тримесечје од минатата година. Во исто време „Apple“ има продадено 45.5 милиони „iPhone“ уреди што одредува пазарен удел од 12,1% на оперативниот систем „iOS“.

Останатите мобилни оперативни системи, вклучувајќи ги и оние на „Microsoft“, „Blackberry“ и „Samsung“ (јужнокорејската компанија која произведува „Android“ уреди, но има и свој оперативен систем наречен „Tizen“) сочинуваат незначителни 0,3% од вкупната продажба.

Огромната супериорност на „Android“ се должи на зголемената популарност на поприфатливите телефони во земји како Кина. Оперативниот систем, сепак може да се соочи со предизвици во иднина, сметаат од „Strategy Analytics“.

„Во моментов предноста на „Android“ изгледа недостижна, сепак пред оперативниот систем се уште има неколку предизвици. Платформата е преполна со стотици производители, од кои само мал дел генерираат профит. Освен тоа, со својата нова производна линија „Pixel“, „Google“ ќе ги нападне своите хардверски партнери кои го направија „Android“ популарен. Минатиот месец „Google“ објави два смартфони од сопствено производство – „Pixel“ и „Pixel XL“. Тогаш аналитичарите коментираа дека со овој потег технолошкиот гигант ризикува да ги антагонизира производителите, кои го користат „Android““, вели директорот во „Strategy Analytics“ Вуди О, цитиран од „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП