8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota и Mazda ги здружуваат силите

Toyota и Mazda ги здружуваат силите

mazdatoyota22

Јапонските производители „Toyota“ и „Mazda“ потпишаа договор, во рамките на кој ќе започнат заеднички развој на електрични возила и на „паметни“ возила од највисока класа, пишува весникот „Automotive News“.

Договорот бил потпишан од лидерите на двете компании во Токио, а тој предвидува соработка во десет различни области. Засега деталите не се објавени, но според официјалното соопштение двете марки ќе се обидат да постигнат технички пробив во производството на слични возила.

Уште во 2015-та година „Mazda“ и „Toyota“ се договорија за размена на технологија, а и тогаш од двете компании не сакаа да соопштат точно за што станува збор. Единствено беше откриено дека договорот нема да ја спречи конкуренцијата помеѓу двете компании кои ќе продолжат да произведуваат квалитетни автомобили.

Подоцна стана јасно дека договорот предвидува „Mazda“ да и обезбеди на „Toyota“ пристап до сите технички информации за технологијата „SkyActive“ вклучувајќи платформа, мотори и менувачи. За возврат „Toyota“ ќе ги открие пред конкурентите информациите за агрегатот на водородниот седан „Mirai“, како и за хибридните технологии кои се користат во своите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП