2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft влегува во битката на корпоративните услуги за разговор

Microsoft влегува во битката на корпоративните услуги за разговор

blog399

„Microsoft“ издаде сопствен систем за разговори за компании наречена „Microsoft Teams“. На овој начин компанијата влегува во директна конкуренција со брзо растечкиот стартап „Slack“ и со производот на „Facebook“ – „Workplace“, пренесува „Ројтерс“.

Новиот софтвер ќе биде дел од услугите од „Office 365“, базиран во облак софтверскиот пакет кој има повеќе од 85 милиони активни корисници месечно.

„Slack“, меѓу чии клиенти се рангираат „CBS Corp“, „Buzz Feed“, универзитети и американската влада, имала над 4 милиони активни корисници дневно во октомври.

„Slack“, со седиште во Сан Франциско, доби цела страница во „New York Times“ во средата, на која го коментира влезот на „Microsoft Teams“.

„Генерално сме возбудени да имаме конкуренција“, велат од „Slack“ во текстот.

„Microsoft“ вели дека пробната верзија на „Teams“ од денес ќе биде достапна за корисниците на „Office 365“ со корпоративни или бизнис планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП