5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz CLS станува конкурент на Panamera Turbo

Mercedes-Benz CLS станува конкурент на Panamera Turbo

cls3994

Гласините дека „Mercedes-Benz“ подготвува супер автомобил со четири седишта, добија неочекувано развој. Во компанијата се одлучиле да ја пополнат палетата не со целосно нов модел, туку со доработка на еден од веќе постоечките.

Така, во нов супер автомобил со четири врати ќе стане седанот, кој во моментов е познат како „Mercedes-Benz CLS“. По смената на генерациите тој веќе нема да се нуди со стандардните енергетски агрегати, а ќе биде достапен само во една модификација, доработена од делот „AMG“.

Според информациите новата генерација на моделот ќе биде изградена на модифицираната платформа „MRE“ користена и кај други автомобили на марката. Погонскиот агрегат сепак ќе биде изграден од нула, а тоа ќе биде 6-цилиндричен мотор кој развива моќност од над 600 КС.

Главниот конкурент на седанот ќе биде „Porsche Panamera Turbo“, кој се потпира на 4.0-литарски битурбо V8 мотор со 550 КС. Новиот модел на „Mercedes-Benz“ ќе излезе на пазарот во 2019-та година, а ќе биде достапен само како седан. Сегашната верзија „shooting brake“ (комби) ќе отпадне, бидејќи таа и во моментов не се продава успешно.

Местото на „CLS“ во палетата на „Mercedes-Benz“ сепак нема да остане празно. Таму ќе се смести нов модел со името „CLE“, кој во моментов се развива од страна на инженерите на компанијата-производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП