19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМонструозно моќен Ford Mustang излегува во ограничена серија (фото+видео)

Монструозно моќен Ford Mustang излегува во ограничена серија (фото+видео)

hurst00

Производителите на автомобили, а и други компании, го користат тјунинг саемот „SEMA“ за претставување на своите проекти, кои многу тешко некогаш ќе се појават во сериско производство. Меѓутоа, има и исклучоци, а еден од нив е овој „Ford Mustang“ со монструозна моќност. Тој е подговен од компаниите „Hurst“ и „Kenne Bell“ и ќе излезе во лимитирана серија.

hurst01

Златно-белиот спортски автомобил е изграден врз основа на 6-тата генерација на „Mustang“. Целото име на проектот е „Hurst Kenne Bell R-Code Mustang“, а компанијата „Hurst“ учествува со правењето на менувачот, додека на експертите од „Ken Bell“ е доделен моторот на кој е поставена турбина.

hurst02

На крајот атмосферскиот 5,0-литарски V8 мотор кој работи со 6-брзински мануелен менувач, освен турбокомпресор добил и нов систем за вбризгување на горивото, како и нов издувен систем. Моќноста на агрегатот е зголемена од стандардните 435 КС до 750 КС, но тоа воопшто не е крајниот резултат. Во арсеналот на „Kenne Bell“ има уште помоќна турбина која овозможува двојно повеќе коњски сили – околу 1.500.

hurst03

Интересно е дека амортизацијата на возилото е речиси стандардна за моделот, а се сменети само пружините и така е намалено патното тло. Спортската кола добила уште дополнителни аеродинамички елементи, нов преден капак, како и 20-инчни тркала. Од оваа машина ќе бидат произведени 50 примероци, кои веќе се продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП