17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТЕТЕКС АД со добивка од над 600 илјади евра заклучно со третиот...

ТЕТЕКС АД со добивка од над 600 илјади евра заклучно со третиот квартал

teteks

ТЕТЕКС АД за периодот јануари-септември  2016 година оствари позитивен финансиски резултат со добивка од 38.452 илјади денари

Оперативните приходи бележат зголемување од 32%, и тоа од 199.135 во 2015год. на 262.502 илјади во 2016год..

Приходите од продажба  до 30.09.2016год.изнесуваат 167.892 .Истите се состојат од:

-продажба на производи и стоки на странски пазар во износ од  77.645 илјади;

– додека пак на домашен пазар остварени се приходи во износ  од 90.247 илјади

Структурата на приходите остварени на домашен пазар е следна:

-приходи од  продажба на производи и стоки во износ од 53.235 илјади

-приходи од закупнини 29.379 илјади

-приходи од други услуги 7.633 илјади.

Тетекс АД покрај основната дејност-производство на текстилни производи, во последниве години се ориентира кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, дејност која значително учествува во вкупните приходи на компанијата; што може да се види од наведените показатели.

Останатите оперативни приходи во  кои се вклучени приходите  од продажба на недвижен имот изнесуваат 46.080 илјади

Оперативните расходи бележат зголемување во споредба со истиот период  2015 година за 11%, и тоа од 204.383 илјади на 225.981 илјади.

Оперативната добивка изнесува  22.423 илјади во 2016год.

Во Финансиските приходи се вклучени приходите од дивиденда кои ТЕТЕКС АД ги оствари во правните лица:  ПЕТРОЛГАС ДОО во износ од 2.300 илјади и ТТК Банка во износ од 15.365 илјади.

ТЕТЕКС АД во постоечките услови на работење перманентно ги испитува трошоците на работење и настојува да го подобри  квалитетот на продукцијата како би ги задоволил очекувањата на  купувачите, акционерите, вработените и добавувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП