25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMG подготви конкурент за Mini и DS3

MG подготви конкурент за Mini и DS3

mg

Британскиот автомобилски бренд „MG“, која е во сопственост на кинеската компанија „SAIC“, го претстави новиот модел „MG3“. На премиерата која се оддржа во Шангај беше најавено дека ова возило на европскиот пазар ќе им се спротистави на модели како што се „MINI“ или „Citroen DS3“.

Иако имаше свое деби на кинескиот саем, овој автомобил кој се произведува во Велика Британија, поточно во фабриката која се наоѓа во Бирмингем на пазарот во Европа ќе се најде до крајот на 2013-та година.

Станува збор за хечбек со 5 врати кој е долг 4.015 mm, широк 1.728 mm, висок 1.520 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.520 mm.

mg1

„MG3“ е опремен со четирицилиндричен бензински мотор кој развива 105 ks и е поврзан со петостепен рачен менувач. На купувачите ќе им бидат понудени три пакети на опрема, а се очекува почетната цена во Европа да започнува од 11.600 евра.

Компанијата засега не објави повеќе детали за овој модел, а првите фотографии не ја поткрепуваат идејата на раководството дека „MG3“ би можел на пазарот да му биде конкурентен на „MINI„. Со оглед на неубедливиот дизајн, за да се привлечат купувачите ќе биде потребно нешто повеќе од прифатлива цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП