7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПратениците на Исланд ќе имаат плата по 9.000 евра

Пратениците на Исланд ќе имаат плата по 9.000 евра

%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8

Пратениците што неодамна беа избрани на парламентарните избори на Исланд ќе имаат зголемување на платите за 44 отсто и ќе примаат по 9.000 евра месечно за да бидат отпорни на корупција, соопшти во вторник комисијата задолжена за одредување на платите во јавниот сектор.

Комисијата, која ја сочинуваат пет претставници, три од парламентот, еден од Врховниот суд и еден од Министерството за финансии, има задача да ги одреди платите на пратениците, министрите, судиите и другите вработени во јавниот сектор на Исланд.

Овој орган наведе дека од суштинско значење е пратениците да бидат финансиски независни во земјата што беше погодена од банкарската криза во 2008 година и подоцна со светскиот даночен скандал познат како „Панамски документи“.

Парламентот на Исланд има 63 пратеници со мандат од четири години и до сега не беше земано предвид колку работат надвор од парламентот, наведува комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП