3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНиту Armani не можеше да им одолее на паметните часовници (фото+видео)

Ниту Armani не можеше да им одолее на паметните часовници (фото+видео)

armani-pametni-00

Денес речиси секој производител на класични рачни часовници во својата понуда има и барем еден „паметен“ модел. Исклучок не е и компанијата „Emporio Armani“ која овие денови во соработка со компанијата „Fossil“ го претстави својот прв паметен часовник од „EA Connected Watch“ колекцијата.

Часновникот на „Armani“ е еден вид хибрид, спој на класичен часовник со стрелки и паметен кој со помош на „Bluetooth“ комуницира со уредите со „Android“ и „iOS“ платформите. На почеток, може да се каже дека овој часовник покрај различниот дизајн, т.е. логото на „Armani“ не се разликува од потребите на другите – поддржува следење на сонот, различни нотификации од мобилните уреди, следење на активностите на корисникот, како и овозможување на музичка колекција со користење на копчиња.

Но, може и да се забележи и некоја разлика. Имено „EA Connected Watch“ има и поддршка за автоматска промена на временските зони и автоматско подесување на времето и датумот. Оваа можност најмногу ќе им користи на корисниците кои доста време поминуваат во авионите патувајќи од едниот крај на другиот крај на светот.

armani-pametni-01

„Armani“ дополнително наведува дека батеријата во нивниот часовник не треба често да се полни. Овој уред користи „quartz“ батерија чија автономија е декларирана на до шест месеци.

Часовникот може да се набави во комбинација со метални и кожни нараквици во четири различни бои. Секоја од поддржаните платформи (Android/iOS) има и своја апликација за мобилните уреди.

Цените во зависност на моделите се движат од 245 до 395 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП