26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот BMW i5 ќе биде готов во 2021-ва

Електричниот BMW i5 ќе биде готов во 2021-ва

ipetkross3

Во 2021-ва година „BMW“ ќе понуди на пазарот целосно електричен кросовер, кој ќе се вика „i5“. Ова го пишува весникот „Autocar“, повикувајќи се на свои извори во баварскиот концерн. Моделот во моментов се развива, а шефовите на производителот сметаат дека кон него ќе има сериозен интерес од страна на клиентите.

Од „BMW“ објаснуваат дека рокот од 5 години, кој е поставен пред инженерите на компанијата за изработка на овој автомобил, не е избран случајно. Баварците очекуваат сериозен пробив во технологијата на електрични возила, која ќе овозможи зголемување на моќноста на нивните акумулатори, истовремено ќе се намали значително нивната цена.

Иднината „BMW i5“ нема да има алтернативни верзии кои работат на стандардно гориво. За правењето на кросоверот компанијата ќе користи технологија која е основа кај хечбекот „i3“ и „i8“. Последниот од овие модели ќе се појави и како роудстер, а тоа треба да се случи во 2018-та година.

Друга причина за одложувањето на кросовер за 2021-ва година е развојот на системи за автономно возење со кој идниот „i5“ мора да биде опремен. За правење на моделот ќе биде користен главно карбон, а неговото производство ќе биде од заедничкото вложување на „BMW“ и „SGL Carbon“ во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП