21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово задолжување, за раздолжување или „презапишување“

Ново задолжување, за раздолжување или „презапишување“

denari-isplata

Денеска државата ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании, според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години.

Врз основа на доспеани обврски, во среда државата треба да врати 49,26 милиони евра, а по четири дена уште нови 12,21 милион евра.

Претходно во понеделникот дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, рече дека „владината политика на континуирано задолжување ги втурна сегашните и идните генерации во должничко ропство“.

Министерството за финансии, пак, објави дека со третиот квартал од годинава јавниот долг достигна 4,76 милијарди евра, што е 50,6 отсто од Бруто домашниот производ (БДП).

Од Министерството за финансии објавата на Наумов  ја оцени за манипулација и истакна дека „нема да има ново задолжување со државни хартии од вредност, туку презапишување на средствата“ и истакнаа Македонија дека рангирана Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа и регионот“, велат од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП