11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку потрошија Американците за Halloween?

График на денот: Колку потрошија Американците за Halloween?

halloween-00

Зборот вештерки (Halloween) е со шкотскo потекло и значи „Светата ноќ“. Празникот се одбележува во христијанската ноќ на „Сите Светии“ во последниот ден од октомври. Во минатото тој често е виден како вечерта во која душите можеа слободно да талкаат по земјата, а злите духови, ѓаволот и вештерки биле најмоќните.

Како и многу други празници „Halloween“ се претвори во еден од сезонските настани кога корпорациите можат да натрупаат уште малку профит, продавајќи производи поврзани со празникот – во овој случај, главно бонбони и костуми. Како што покажува табелата, веќе има стабилен раст на трошоците за „Halloween“ во САД.

Според податоците на американската „National Retail Federation“, оваа година 171 милиони американци ја прославија „Ноќта на вештерките“ и во меѓувреме потрошија многу пари, пишува „Statista“. Оваа година вкупните трошоци во САД достигнаа 8,4 милијарди долари, што е нов рекорд, посочува федерацијата. 70% од луѓето ќе подарат бонбони на 31-ви октомври, а 45,6% ќе издлабат тиква за фенер.

Американските потрошувачи во просек потрошија по 82,93 долари наспроти минатогодишните 74,34 долари. Според истражувањето корисниците потрошија 3,1 милијарди долари за костуми (купени од 67% од купувачите за „Ноќта на вештерките“), 2,5 милијарди долари за бонбонби (94,3% од купувачите), 2,4 милијарди долари за декорација (70%) и 390 милиони долари за честитки (35,4%).

halloween-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП