„Volkswagen Group“ има сите шанси да ја заврши годината како број 1 производител на автомобили, соопшти „Automotive News“. Продажбата на компанијата продолжува да расте, и покрај катастрофалниот имиџот на „Volkswagen“ поради глобалниот скандал „Дизелгејт“, а одлучувачки придонес за растот има претставувањето на компанијата во Кина.
За првите девет месеци од годината „VW Group“ продаде 7,61 милиони возила во целиот свет, што е раст од 2,4% во споредба со истиот период од минатата година. Во исто време „Toyota“, компанијата која е број 1 во светот во последните четири години, постигна раст од само 0,4% и забележа продажба на 7,53 милиони примероци за првите девет месеци од 2016-та година.
Продажбата на „VW Group“ се забрзува сериозно во третиот квартал од годината, бидејќи за првите шест месеци податоците покажала раст од 1,5% и вкупно прдадени 5,12 милиони автомобили.
Иако последиците од „Дизелгејт“ и запирањето на продажбата на некои модели на „VW Group“, германската компанија успева да ги надмине овие тешкотии. Во САД, „Toyota“ продаде многу повеќе автомобили од „VW“, но тоа е едвај изненадување. Во Кина меѓутоа сликата е поинаква – на секој автомобил продаден од „Toyota“, „VW“ одговара со три. А Кина е најголемиот автомобилски пазар во светот, а таму за првите 9 месеци „VW“ постигна раст од 11% и вкупно 2,58 милиони продадени автомобили.
И уште нешто – „Дизелгејт“ се одразува на продажбата на автомобилите од марката „Volkswagen“, но во исто време силната побарувачка на моделите на „Audi“, „Porsche“ и „Skoda“ го компензира тоа. Минатата година „Toyota“ постигна 9,93 милиони продадени автомобили, сега целта на „VW“ е да го подобри овој рекорд до крајот на 2016-та.