17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Која компанија ќе доминира на пазарот на виртуелната реалност?

График на денот: Која компанија ќе доминира на пазарот на виртуелната реалност?

vir-graf33

Во рамките на една деценија се очекува технологијата на виртуелната реалност да се трансформира начинот на кој компаниите комуницирате со корисниците. Мултимедијалните 360-степени искуства, со чувства за допир и температура, ќе се претворат во стандард, коментира „Economist“.

Уште до 2020-та година се очекува трошоците за очила за виртуелна реалност да достигнат 7,9 милијарди долари, а за забавата со виртуелната реалност – 3,3 милијарди долари. На краток рок, сепак виртуелната реалност останува најмногу зачувана територија за гејмерите.

Компаниите кои што го преставија последниот бран на конзоли и очила, не само што носат радост на љубителите на игри како „The Lab“ и „Gunjack“, но и се борат за позиција од која да се натпреваруваат на многу поголем пазар, каде што технологијата станува распространета.

Засега игрите од индустријата со виртуелната реалност се дели на средната класа, доминирана од „Samsung“ и „Google“, и високата класа со лидери „Oculus Rift“ на „Facebook“ и „Vive“ на „HTC“ (и двата се појавија на пазарот во текот на пролетта).

„Sony“ која ги претстави своите очила на 13-ти октомври, се вклучи релативно доцна во играта. Но со производ кој е многу помоќен од уредите на масовниот пазар и подостапен од високата класа, очилата на „Sony“ може да се позиционираат добро на пазарот.

Нешто повеќе, компанијата може да се потпира на глобална база на клиенти од над 40 милиони корисници на „Playstation 4“ и се очекува тие дури да станат повеќе од 50 милиони до Божиќ. Како резултат на тоа се очекува очилата на „Sony“ да имаат непосреден ефект. „IHS Markit“ дури прогнозира дека компанијата ќе оствари продажба од 134 милиони долари од уредите за виртуелна реалност во следните неколку месеци.

vir-graf34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП