6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради недостаток на експерти Канада го зголемува бројот на мигранти за 50...

Поради недостаток на експерти Канада го зголемува бројот на мигранти за 50 проценти

canada-day-july

Бројот на мигрантите кој секоја година го утврдуваат во Канада, може да се зголеми од сегашните 300.000 на 450.000, пренесе „CBC“.

Според податоците на телевизискиот канал во најскоро време либералната влада на земјата може да соопшти за оваа одлука. Се претпоставува дека во следните пет години – од 2017-та до 2021-ва година, во Канада секоја година ќе пристигнуваат по 450.000 мигранти.

Станува збор главно за економски мигранти, бидејќи земјата бара специјалисти во различни области, за да обезбедува раст на националната економија. Експертите наведуваат дека иницијативата несомнено има потреба од дискусија во позадина на растот на невработеноста меѓу младите Канаѓани. Сепак тие забележуваат дека земјата има потреба од специјалисти.

„Како што се очекува зголемување на економските имигранти зa 150.000 луѓе нема да има „напнатост“ на образовниот систем, транспорт или здравството, но треба да се очекува дека растот на населението ќе направи потребно зголемување на владините инвестиции во овие сектори“, смета Емили Гилберт која е доцент во Универзитетот во Торонто.

Во 2016-та година Канада ќе прифати 300.000 имигранти, вклучувајќи 30.000 сириски бегалци.

Традиционално во Канада пристигнуваат мигранти од земјите од Источна Европа, Блискиот Исток, Азија, Африка, Русија, Украина, Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП