21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИTesla Motors ја претстави невидливата соларна батерија

Tesla Motors ја претстави невидливата соларна батерија

tes

Директорот на американската иноваторска компанија „Tesla Motors“, го претстави новиот производ на својата компанија, позната по производството на електричните возила, во областа на соларната енергија – панел за покрив и напреден уред за складирање на енергијата своевиден соларен цреп.

На презентацијата во Лос Анџелес, челникот на „Tesla“, Илон Маск ја претстави соларната батерија на иднината, којашто се интегрира во покривот на домот, така што речиси е невозможно да се види. Компанијата ќе го понуди на пазарот својот производ во четири варијанти; шкрилеста керамида, керамида во тоскански стил, текстурирано стакло и сјајна стаклена плочка. Маск притоа изрази надеж дека ја претставува иднината којашто ја очекуваат и посакуваат неговите клиенти.

sol

Презентацијата се одржа три седмици пред спојувањето на „Tesla Motors“ и американската енергетска компанија „SolarCity“ кое треба да се случи на 17-ти ноември. Доколку зделката биде остварена, компаниите планираат во сабота презентираниот производ да го произведуваат во сојузната држава Њујорк.

Покрај панелот, „Tesla“, исто така, го претстави и усовршениот систем за акумулација на соларната енергија „Powerwall 2“, која може да се користи и за приватните домови и за деловни објекти. Дизајниран е така што собраната преку светлиот дел од денот сончева енергија да се претвора во електрична енергија и да го осветлува и загрева објектот.

tesl

Компанијата проценува дека корисниците на сончевите батерии трошат само мал дел од соларната енергија што ја собираат, а огромен дел отпаѓа на енергијата од дистрибутивната електрична мрежа. Системот „Powerwall“ овозможува да се зачувува енергијата, за користење во кое и да е време.

Уредот „Powerwall“ од моќност 14 киловат часови чини 5.500 долари. Нарачките ќе започнат од јануари 2017 година.

 

Црепот е изработен од стакло за да изгледа поатрактивно од соларните панели, технологија којашто досега се користеше на покривите од куќите. Целата е следна: соларниот цреп изгледа многу подобро од соларните панели. Маск изјави дека така покриениот покрив е „многу сладок“.

Презентацијата се одржа во студијата „Universal Studios“ во Лос Анџелес, во кои се снимаше популарната телевизиска серија „Домаќинки“.

Во август компанијата „Tesla“ најави купување на производителот на соларни панели „SolarCity“за 2,6 милијарди долари. Маск, инаку, е најголемиот акционер во двете компании. Според условите од договорот, акционерите на „SolarCity“ ќе добијат по 0,11 обични акции на „Tesla“ за секоја акција на „SolarCity“. Се очекува дека трансакцијата ќе биде заокружена во четвртиот квартал од 2016 година, по добивањето на одобрението на регулаторите и акционерите.

„Tesla Motors“ во третиот квартал остварил чиста добивка од 21,9 милиони долари, што е прва добивка на оваа компанија по повеќе од три години загуби, благодарејќи на рекордната продажба. Аквизицијата на „SolarCity“.во износот од 2,6 милијарди долари повторно компанијата ќе ја турне „во црвено“, но Маск тврди дека тоа има смисла бидејќи двете одвоени компании „малку ќе ги забават“ работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП