8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin ќе предложи електричен спортски автомобил

Aston Martin ќе предложи електричен спортски автомобил

easton-00

Раководството на британскиот производител на спортски автомобили „Aston Martin“ даде зелено светло на проектот за создавање на електрична верзија на моделот „Rapid S“.

Возилото ќе го носи името „Aston Martin RapidE“, а ќе претставува сериска верзија на истоимениот концепт прикажан пред една година. Тој беше развиен заеднички од англискиот производител и компанијата „Williams Advanced Engineering“ која го создала електричниот агрегат за возилото.

За изминатата година „Aston Martin“ најде нов партнер во лицето на кинескиот електронски концерн „LeEco“. Ова му овозможи на директорот на компанијата Енди Палмер официјално да објави дека „Aston Martin RapidE“ ќе се појави во сериско производство. Според него, тоа ќе потрае неколку години.

Според „Autocar“, сосема реално е сличен автомобил да биде целосно подготвен до крајот на 2018-та година, бидејќи Палмер е целосно свесен какви се тешкотиите при развој на електрични автомобили. Топ-менаџерот го раководеше проектот за ставање во промет на „Nissan Leaf“, додека работеше за јапонскиот производител.

easton-01

„Можам само да кажам дека „Aston Martin RapidE“ нема да се натпреварува со „Tesla Model S“, бидејќи американскиот модел е со една класа подолу“, беше лаконскиот коментар на Палмер.

Се очекува „Aston Martin RapidE“ да добие 4 електромотори со вкупна моќност од 1000 КС. Годишно компанијата ќе произведува помеѓу 100 и 400 електрични возила со цена од околу 200.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП