3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот смартфон со Tango камерата на Google во продажба од 1-ви ноември...

Првиот смартфон со Tango камерата на Google во продажба од 1-ви ноември (видео)

tango-mango3

Компанијата „Lenovo“ најави дека продажбата на нејзиниот смартфон „Phab 2 Pro“, првиот кој ја поседува камерата на „Google“ – „Tango“, ќе започне на 1-ви ноември.

Станува збор за одложено пласирање на смартфонот кој првично требаше да се појави на пазарот во текот на летото.

„Phab 2 Pro“ од останатите се разликува по тоа што е првиот на пазарот со камерата на „Google“ – „Tango“ која се наоѓа на задниот дел од уредот и овозможува мапирање на физички простор. Исто така, смартфонот може да ја следи својата позиција, а камерата поседува технологија за следење на објекти.

Кога станува збор за цената, „Phab 2 Pro“ ќе чини 499 долари, а покрај „Tango“ камерата ќе има и 6,4-инчен „QHD“ екран, „Snapdragon 652“ процесор, 4 GB RAM и батерија од 4.000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП