14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBorgward ќе произведува 10.000 автомобили годишно во Германија

Borgward ќе произведува 10.000 автомобили годишно во Германија

borgward-bx7-china-july-2016

Легендарната германска автомобилска марка „Borgward“ која беше вратена во живот со кинески инвестиции, планира фабрика со капацитет 10.000 возила годишно, која треба да биде изградена во Германија.

Во најсилните години „Borgward“ бил трет по големина производител на автомобили во Германија, а сега ќе го произведува електричниот „BX7“ во Бремен – градот каде започнала историјата на брендот.

„Производството ќе е флексибилно и организирано на таков начин доколку е потребно ќе можеме брзо да го зголемиме бројот на автомобилите“, објасни извршниот директор на „Borgward“, Улрих Валкер.

Тој додаде дека изборот на Бремен не е само емоционален, но и доста практичен – градот има одлична транспортна врска со пристаништето Бремерхавен каде возилата ќе пристигнуваат расклопени, а конечното составување ќе се случува во новата фабрика на брендот. Валкер исто така, потврди дека батериите за „BX7“ ќе доаѓаат од „LG Electronics“.

Во моментов „Borgward“ ја произведува бензинската верзија на „BX7“ во градот Мијн, во близина на Пекинг, а германската фабрика ќе биде прва за брендот надвор од Кина и ќе биде европската база на компанијата. Покрај електричниот „BX7“ во Бремен ќе се составуваат и „plug-in“ хибридни верзии на помалите „SUV“ модели „BX5“ и „BX6“.

Оригиналниот „Borgward“ банкротираше во 1961-ва година, а заживувањето беше помогнато со парите на кинеската државна компанија за производство на камиони „Beiqi Foton“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП