3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовитетите кои пристигнуваат од Microsoft (фото+видео)

Новитетите кои пристигнуваат од Microsoft (фото+видео)

aoo-00

„Microsoft“ одржа презентација на тема „Windows 10“, на која најави голем број на нови производи, вклучувајќи го и првиот во историјата десктоп компјутер во сопствено производство.

„Microsoft Surface Studio“

aoo-01

„Microsoft Surface Studio“ е исклучително амбициозно уред. Производот цели да го промени начинот на кој уметниците ќе создаваат содржина. Со цена почнувајќи од 2.999 долари и достигнува до 4.199 долари, „Surface Studio“ дефинитивно не е насочен кон просечниот корисник.

Со уредот „Microsoft“ се надева дека ќе ја прошири својата традиционална база од бизнис клиенти, така што ќе привлече професионални дизајнери, илустратори, аниматори и други кои се занимаваат со креативна работа. Уредот може да се пофали со 28-инчен екран на допир, со резолуција од 4500×3000 пиксели (192 DPI). Благодарение на специјално дизајнираниот држач, екранот може да се навалува како подлога за цртање, овозможувајќи им на корисниците да го одберат вистинскиот агол под кој ќе работат.

„Surface Dial“

aoo-02

„Surface Dial“ е уред кој ќе понуди нов метод за доставување на податоци на компјутерот. Со ротирачкиот уред, корисниците ќе можат да вршат различни активности на екранот, како на пример да избираат одделни елементи од менито (на пример палета на бои) или да одмотува страници на документи.

„Dial“ ќе работи со најновите уреди од серијата „Surface“, но најинтересна е апликацијата во комбинација токму со „Surface Studio“. Корисниците ќе можат да поставуваат „Dial“ директно на екранот на „Studio“, што ќе им овозможи да вршат контекстуални активности.

„Surface Book i7“

aoo-03

„Microsoft“ не ја објави новата генерација на својот хибриден лаптоп/таблет „Surface Book“, но претстави надградба на минатогодишниот модел кој веќе ќе биде придвижуван од „i7“ процесор на „Intel“. Подобрениот модел ќе доаѓа и со поголема батерија која ќе издржи 16 часа со едно полнење. Цената на уредот е 2.399 долари.

„Windows 10 Creators Update“

Освен новите уреди, „Microsoft“ подготвува и нова голема надградба за својот оперативен систем „Windows 10“. „Creators Update“ ќе биде достапен за пошироката јавност во првите месеци на следната година и ќе биде бесплатен за корисниците на „Windows 10“. Надградбата ќе нуди вграден софтвер за создавање на „3D“ графички модели, повеќе можности за комуникација и можности за стриминг на натпревари во видео игри.

„Windows VR“ очила

aoo-04

„Microsoft“ веќе има сериозни амбиции за влез на пазарот за збогатена реалност (augmented reality) со уредот „HoloLense“, но вчера компанијата за првпат најави дека има планови и во однос на виртуелната реалност. И додека таа нема да произведува сопствени „VR“ очила, тогаш листата на партнери, вклучувајќи ги „HP“, „Dell“, „Lenovo“, „Asus“, и „Acer“, ќе произведуваат уреди кои работат под „Windows 10“. Секој од производите на индивидуалните производители ќе чини 299 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП