3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry го претстави својот последен телефон

BlackBerry го претстави својот последен телефон

last-bb-00

„BlackBerry“ го покажа последниот телефон кој компанијата го изработи, пред целосно да се насочи кон дизајнот, производството и дистрибуцијата на партнерите. Новиот уред е со 5,5-инчен екран на допир, кој се натпреварува во димензии со „iPhone 7 Plus“ и „Google Pixel XL“, но доаѓа по пониска цена, пишува „Bloomberg“.

Моделот „DTEK60“ не е целосно комплетен телефон на „BlackBerry“. Слично на „DTEK50“ кој компанијата го пушти на пазарот во јули, тој делумно е дизајниран и произведен од кинеската компанија „TCL Corp.“ и ја користи верзијата на „BlackBerry“ на оперативниот систем на „Android“.

„BlackBerry“ ја стеснува својата единица за смартфони, откако извршниот директор Џон Чен ја презеде функцијата пред три години и почна да ја насочува компанијата повеќе кон софтверот. Минатиот месец „BlackBerry“ најави дека целосно ќе престане да проектира телефони, а наместо тоа ќе ја довери оваа активност на други производители.

Во моментов „DTEK60“ е достапен за купување на „Amazon.com“, како и на сајтот на „BlackBerry“. Неговата цена во САД е 499 долари. Покрај поголемиот екран од „DTEK50“, тој има подобра камера, нов сензор за читање отпечатоци и слот за мемориска картичка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП