17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувањето на суперавтомобил е сериозен проблем, дури и за богататите

Купувањето на суперавтомобил е сериозен проблем, дури и за богататите

kpuvanje-supervozilo-00

Компанијата „Ford“ објави дека започнува да прима нарачки за суперавтомобилот „GT“. Од моделот ќе бидат произведени точно 500 уникатни примероци, но барањето за нив не е гаранција дека нејзиниот испраќач ќе стане сопственик на возилото, со какви и да било финансиски средства да располага. Ова важи не само за „Ford“, но и за други производители на суперавтомобили, објави „Road and Track“.

Во „Ford“ се категорични дека идните сопственици на „GT“ ќе бидат темелно избирани. Нема да биде доволно само клиентот да плати сума од 400.000 долари (тоа е цената на возилото), туку ќе треба да исполнува одредени барања. Уште при поднесување на пријавата, кандидатот ќе одговори на голем број прашања. Меѓу нив се дали има или имал поврзаност со „Ford“, како и дали порано поседувал „GT“. Од суштинско значење ќе биде и дали клиентот има намера да го користи автомобилот за учество во натпревари на патека или други автомобилски настани.

kpuvanje-supervozilo-01

Едно од главните барања за идниот клиент на „GT“ е тој да не го продава автомобилот во одреден временски период по купувањето. Од значење исто така ќе биде и активноста на кандидатот на социјалните мрежи, што според претставник на „Ford“ ќе им даде шанса и на помладите луѓе да станат сопственици на машината.

Други производители на спортски и суперавтомобили исто така користат сличен пристап кон клиентите. Тие го „загрее“ интересот кон своите автомобили, создавајќи вештачки дефицит или поставувајќи прилично чудни барања кон можните клиенти. Така делуваат компании како „Ferrari“ или „McLaren“.

„Ако си обичен човек и сакаш да си купиш „Ferrari 488 GTB“, во дилерските центар директно ќе ти се насемеат и ќе ти ја посочат вратата. За да имаш шанса, прво треба да си купиш „Ferrari 458“ што ќе ти дозволи да влезеш во листата на чекање за „488“. Но, ако си купиш „FF“ или „California“, веднаш влегуваш во листата со кандидати кои ги добиваат своите автомобили побрзо“, објаснува клиент на брендот.

kpuvanje-supervozilo-02

Друг сопственик на автомобили „Ferrari“ открива дека бил принуден да си купи неколку модели на марката, вклучувајќи и „F430“, за да добие можност да стане сопственик на новиот „458“. Тоа сепак се покажало недоволно и конечно дилерот му предложил да го вклучи во листата на чекање за „488 Speciale“. Само што клиентот ја сака верзијата „Aperta“, а за да ја поседува, прво требало да го купи моделот „California“. Така и се случило, а на крајот кандидатот ги зел двата автомобили, а едниот го дал на својата сопруга.

Впрочем италијанскиот производител го контролира процесот на продажба на своите автомобили не само преку дилери кои ги има во целиот свет, туку и целосно самостојно. На пример, за да станеш сопственик на единствениот „LaFerrari“, треба да поседуваш барем 5 автомобили на брендот, а два од нив треба да бидат од тековната палета. Покрај тоа „Ferrari“ добива право да го откупи суперавтомобилот назад, ако сопственикот одлучи да го продаде.

kpuvanje-supervozilo-03

Во „McLaren“ работите се малку пробиени, па продажбата целосно зависи од трговските претставници на брендот. Значи за да се купи „570S“ или „650S“ не е толку комплицирано, но кога станува збор за ексклузивен модел, клиентот треба темелно да биде проучен. А ако тој сепак го поседува хиперавтомобилот „McLaren P1“, работите стануваат далеку полесни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП