5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот прогласи банкрот за Застава

Судот прогласи банкрот за Застава

Yugo Collector

Стопанскиот суд во Крaгујевац прогласи банкрот на компанијата „Застава Автомобили АД“, за која стечај беше започнат во јуни, јавува агенцијата „Танјуг“.

Откако судијата во Стопанскиот суд во Крагујевац, Бранислав Јововиќ, потврди за јавниот сервис на Србија, банкротот е прогласен, затоа што во законскиот рок од 90 дена од отворањето на стечајот никој од овластените лицан не понуди план за реорганизација на компанијата.

Вкупниот имот на „Застава“ е проценет на 650 милиони динари (5,25 милиони евра), a обврските, по различни основи, изнесуваат околу 41,5 милијарди динари (0,34 милијарди евра).

Некаде на средината на оваа година, кога поради презадолженост беше прогласен стечај, приближно 300 поранешни работници бараа да им се исплатат заостанатите плати од вкупно 120 милиони динари (приближно милион евра).

Работниците си ги побараа заостанатите плати од 1997-ма дo 2001-ва година.

Пред огласувањето на банкротот, „Застава Автомобили“ имаше три работници, а во 1989-та година беа 13.500, кога се произведуваа 220.000 возила.

Во меѓувреме недвижностите и опремата на „Застава Автомобили“ преминаа како удел во Србија во новоздадената компанија „Fiat Srbia“ (некогашната фирма „Fiat Chrysler Automobili“ во Србија), додека долговите и преголемиот број на работници, останаа во „Застава“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП