2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit може да ја чини Германија 0,25 процентни поени од БДП-то

Brexit може да ја чини Германија 0,25 процентни поени од БДП-то

ekogermanija33

Напуштањето на Европската унија од страна на Велика Британија може да го намали германскиот економски раст уште во следната година со околу 0,25 процентни поени. Тоа барем се покажува во се уште необјавеното истражување на Институт за економски истражувања со седиште во Келн (IW), цитирано од „Ројтерс“.

Според економистите на институтот непосредните последици од „Brexit“ се депресијацијата на британската фунта и значителното намалување на британската економија.

Извозот, кој традиционално е силата на германската економија, најверојатно ќе се намали за 9 проценти на годишна основа во 2017-та година поради најслабата британска фунта, покажува истражувањето.

Минатата година германските компании изнесоа стока во вредност од околу 89 милијарди евра за Велика Британија, затоа што Островот е трета по значење извозна дестинација за Германија.

Истражувачите од невладината организација појаснуваат дека послабата британска фунта, меѓу очекуваното намалување на британскиот раст ќе доведе до понизок раст на Германија, дури и пред уште Британија да излезе од ЕУ. Увозот во Германија најверојатно ќе опадне за околу 3,5%, забележуваат истражувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП