19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ги започнува обуките за граѓаните кои издаваат движен и недвижен имот

УЈП ги започнува обуките за граѓаните кои издаваат движен и недвижен имот

­

uuu

Управата за јавни приходи од денес започнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.

Обуката во Куманово е првата од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во останатите 36 општини низ Република Македонија, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници, стекнување на знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности.

Период: Од 25 октомври до 28 ноември 2016 година

Локација: Куманово, Градско, Богданци, Штип, Чашка, Скопје, Берово, Кратово, Дебар, Пехчево, Гевгелија, Макадонски Брод, Крушево, Македонска Каменица, Кичево, Прилеп, Радовиш, Велес, Делчево, Стар Дојран, Битола, Охрид, Ресен, Кочани, Струга, Гостивар, Неготино, Демир Хисар, Свети Николе, Пробиштип, Тетово, Кавадарци, Струмица, Крива Паланка, Валандово и Виница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП